Вардарки стартуваа победнички

Екипата на ЖРК Вардар ја стартуваше новата сезона со победа во првиот пријателски натпревар одигран во Унгарија против екипата на Ерд. “Црвено-црните” беа подобри со 27-24, и најавија успешна сезона. Андреа Пенезиќ постигнувајки осум голови во премиерниот натпревар покажа дека ќе биде едно од најголемите засилувања за Вардар, а Дембеле со пет и Лекиќ со четири постигнати голови, исто така дале голем придонес во победата на “вардарки”.

Во првото полувреме натпреварот бил изедначен завршувајки со резултат 14-14. “Црвено-црните” клучната разлика ја направиле во второто полувреме кога успеале да поведат со 26-20 по што натпреварот бил решен.

Унгарија останува како дестинација и за следните подготвителни предизвици за “вардарки”, овојпат на турнирот Хендбол Фиеста кој ќе се одржи од 22 до 24 август на кој ќе настапат и Ѓер и Ларвик.