Вардарки со проблеми пред ФТЦ: За настапот на Лекиќ ќе одлучуваат докторите

На дуелот против Ларвик на теренот ја немаше Андреа Лекиќ, а нејзиниот настап против ФТЦ Раил Карго на 11 ноември е доведен под знак прашање. Лекиќ најверојатно ќе биде во составот и на тој меч, но докторите ќе го имаат последниот збор.

„Не смеевме да ризикуваме со Андреа. Таа има повреда на рамото и докторите не и дозволија да игра против Ларвик. За дуелот против Ференцварош одново докторите ќе бидат тие коишто ќе треба да одлучат дали таа ќе може да игра. Ако тие дадат дозвола за настап тогаш ќе сметаме и на неа. Повредата е незгодна и не би сакале да ризикуваме да ја загубиме на подолго време“, изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Средбата против ФТЦ се игра в сабота од 13:30 часот, а Вардар е гостин на овој дуел. Ова е меч од 5. коло и решава директно за првото место во групата Ц. На првиот меч вардарки победија со 34:31.