Вардарки се засилија на пивотменската позиција: Робертина Мечевска е нова ракометарка на ЖРК Вардар

Капитенот на македонската женска репрезентација, Робертина Мечевска е нова ракометарка на ЖРК Вардар. Мечевска потпиша до јуни 2015 година со можност за продолжување на договорот. Македонската репрезентативка игра на позиција пикер каде ЖРК Вардар ја има на располагање само Ања Алтхаус за натпреварите од Лига на шампионите и Ивана Гакидова за домашните натпревари. Мечевска од ЖРК Металург замина за Анкара но го раскина договорот со турскиот суперлигаш. Нејзиното заминување од Анкара беше како новогодишен подарок за ЖРК Вардар кој беше спремен за купување на нови ракометарки за продолжението од сезоната. На позиција пикер ЖРК Вардар ја има и Бегоња Фернандез која е повредена.