Вардарки сепак ќе завршеа на третата позиција: Во германскиот дуел Турнигер поуспешен од Лајпциг

Ракометарките на Турингер  го добија и вториот дуел со Лајпциг во Лигата на Шампионите  со резултат од 27:23 (11:11). По нерешениот резултат на полувремето, пред 2000 гледачи Турингер предводен од Кетрин Енгел која постигна 8 погодоци славеше над лутиот ривал во бундес лигата иако натпреварот немаше резултатско значење за двете екипи.

Оваа победа на Трунигер значи дека без разлика на вчерашниот натпревар, Вардар сепак ќе завршеше на третата позиција и повторно ќе го добиеа за противник унгарскиот шампион.

Турнигер главната фаза ја заврши на четвртата позиција и ќе вкрсти со еден од најголемите фаворити во оваа сезона – Ларвик, додека Будуќност својот противник ќе го добие по одигрувањето на натпрепварите од втората група.


Фото: www.handballwoche.de