Вардарки рутинирано до нова победа во Суперлигата

Екипата на македонскиот женски ракометен шампион ЖРК Вардар по обврските во ЛШ им се врати на натпреварите во домашната Скопско Супер Лига. Како и на сите претходни натпревари “црвено-црните” забележаа рутинска победа, овојпат против екипата на Металург со 30-22 (18-9) со што ја забележаа седмата победа во домашната лига. Овој натпревар послужи како последен тест пред важното гостување во Германија во натпреварот од последното коло од ЛШ против екипата на Турингер.

Черноиваненко со 7 и Барбара Лазовиќ со 6 гола беа најефикасни во вардаровиот состав, а во екипата на Металург се истакна младата репрезентативка Ристовска со 10 постигнати погодиоци.

ЖРК Вардар: Петковска, Лејно, Стојаноска 1, Гакидова 1, Митова, Николиќ, Лазовиќ 6, Дембеле 3, Зебиќ 3, Алтхаус, Кликовац 1, Пенезиќ 5, Черноиваненко 7, Ихнева 3. Исклучувања: 2 минути. Седмерци: 3/1

ЖРК Металург: Серафимовска, Ивановка, Каранфиловска, Пејовска, Антиќ, Белевска 1, Јованоска 1, Николиќ 1, Стојановска 2, Николовска 1, Дабевска, Ливриниќ 3, Саздовска 1, Ципушева, Величковска 2, Ристовска 10. Исклучувања: 2 минути. Седмерци: 7/6