Вардарки ремизираa со Будуќност

Во дербито на 5-то коло а воедно и на групата Б на ЕХФ Лигата на шампионите во женска конкуренција македонскиот шампион ЖРК одигра нерешено 24-24 (9-11) против црногорскиот шампион и вицешампион на Европа, екипата на Будуќност. Вардарки имаа можност во последните десетина секунди да дојдат и до победата, но голманката на Будуќност, Марта Ждериќ го одбрани ударот на Андреа Пенезиќ во последните секунди.

Со погодоците на Пенезиќ и Лазовиќ Вардар го имаше почетното водство од 2-1, за со двата последователни погодоци на Цвијиќ гостите од Подгорица да го превземат водството 3-2 во 9тата минута на натпреварот. Среќата повторно не беше на страната на Вардарки бидејќи при нападот на противничката ракометарка Милена Кнежевиќ со повреда се здоби Андреа Лекиќ што преставуваше голем хендикеп за екипата на Вардар во продолжетокот на натпреварот. Будуќност ја искористи оваа предност и за првпат се “одлепи” на 3 погодоци разлика во 14тата минута на натпреварот. Вардарки одговорија со иста мера и серијата во која брилјираше Ихнева го изедначија резултатот на 7-7. Изедначена беше борбата на теренот во минутите кои следуваа за гостинките да успеат да се изборат за 2 погодоци разлика на крајот на полувремето 9-11.

Вардарки фуриозно го стартуваа вториот дел и веднаш ја вратија резултатската предност на своја страна и во 40тата минута повторно имаа позитива од 3 погодоци на своја страна.  Но неколкуте грешки на македонскиот шампион во периодот кој следуваше, црногорките ги искористија за комплетно враќање на натпреварот со погодокот на Неагу во 46 минута. 17-18  Но вардарки не се предаваа и со добра игра повторно успееа да го превземат водството кога со двата гола на Пенезиќ имаа + 2 во 57 минута 23-21. Мајда Мехмедовиќ со два брзи гола ги врати црногорките во игра и во последната минута се влезе со нерешени 24-24. Индира Кастратовиќ побара тајм аут за последниот напад. Вардарки и покрај пасивниот напад кој им се закануваше успеаа да ја задржат топката во свои раце, а Андреа Пенезиќ успеа да изнуди 2 минути од противникот на 10 секунди до крајот со што се создаде идеална шанса за вардарки да стигнат до победата. Пенезиќ се одлучи за удар но Ждериќ беше поуспешна за конечни 24-24.

Најпрецизни во редовите на нашиот шампион беа Андреа Пенезиќ со 8 и извонредната Алена Ихнева која максимално ги искористи добиените минути со 5 гола , а кај гостинките од Подгорица, оманката Неагу 6 пати се запиша во листата на стрелци. Одлична на голот на Вардар повторно беше Ина Суслина со 15 интервенции, а на спротивната страна Ждрериќ забележа 8.

Последното шесто коло вардарки го завршуваат на 22.11.2014 со гостувањето во Германија против екипата на Турингер.