Вардарки против Гевгелија почнуваат со одбраната на двојната круна

Покрај стартот на Супер машката лига в сабота ќе тргне сезоната и во Супер женската лига во која сезонава ќе има осум состави вклучувајќи го и Вардар. За разлика од лани кога вардарки не играа во првиот дел овој пат ќе ја одиграат цела сезона бидејќи Регионалната лига ќе биде со три екипи и поради тоа ќе има доволно простор и за домашното првенство.

Првото коло е закажано за три различни денови па ќе се игра од сабота до вторник.

На терен први излагаат шампионките против Гевгелија, па одбраната на круната ќе стартува со меч на домашен терен.

НАТПРЕВАРИ И ТЕРМИНИ ЗА 1. КОЛО

САБОТА, 16 СЕПТЕМВРИ

ВАРДАР – ГЕВГЕЛИЈА                    16:00 ч.

ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ   19:00 ч.

НЕДЕЛА, 17 СЕПТЕМВРИ

ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ                17:00 ч.

ВТОРНИК, 19 СЕПТЕМВРИ

КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР             19:00 ч.