Вардарки пристигнаа во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар денес пристигна во Будимпешта. Во наредните неколку денови, „црвено-црните“ ќе учествуваат на завршницата на Лигата на шампионките, а прва пречка на патот до првата историска титула за клубот ќе биде црногорскиот шампион Будуќност.11210233_10153816705082977_515614975_n

11198600_10153816705137977_420813646_n

11216418_10153816705212977_677791386_n
Вардарки веќе го одработија и првиот тренинг во салата на спортскиот комплекс Електромош. Во позитивна атмосфера стручниот штаб заедно со ракометарките ги направија последни подготовки пред полуфиналниот дуел, кој на програмата е во сабота од 16:45 во Ласло Пап арената. Официјално македонските шампионки утре имаат уште еден тренинг пред почетокот на Фајнл Фор викендот во Будимпешта.

[Best_Wordpress_Gallery id=”95″ gal_title=”ZRK Vardar trening BUDIMPESTA”]

ФОТО: АМИНА ИДРИЗИ/ФИЛИП ВИРАНОВСКИ