Вардарки по втор пат го совладаа Ростов Дон

По завршувањето на „Трофеј Букрешт“ екипата на Ростов Дон пристигна во Скопје и спарингуваше со составот на ЖРК Вардар во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“ во натпревар кој се одигра во три дела од по дваесет минути.

VardarDon_prij (9 of 9)

По победата на „Трофеј Букрешт“ над истиот тим, како загревање пред првото издание на турнирот „Вардар“, македонскиот шампион го започна одлично натпреверот и по почетната изедначена игра Вардар успеа да направи серија од 4-0 и прв да поведе во натпреварот. Со погодокот на Черноиваненко, Вардар стигна до највисоката предност од 6 погодоци на овој меч (11-5), а до крајот на првите 20 минути, составот на Ростов успеа да ја намали разликата за конечни 13-9 во првиот дел.

VardarDon_prij (3 of 9)

Во вторите 20 минути натпреварот го задржи истиот тек. Русинките беа најблиску до „црвено-црното“ водството во 37-та минута, и со погодокот на Јулија Манагарова намалија на 19-17.  Преку концентрирана игра во одбраната и брзата транзиција, Вардарки повторно го вратија високото водство од пет погодоци 22-17. Особено радува добрата форма на Андреа Лекиќ која играше во вторите 20 минути од натпреварот и постигна четири погодоци.

 

Во 46-та минута, ракометарките на Вардар имаа највисока предност од девет голови, 29-20, а натпреварот заврши со конечен резултат 34-27. Пенезиќ и Дамјановиќ постигнаа по шест погодоци, додека Черноиваненко ги следеше со пет. Кај противничкиот состав Манагарова исто така постигна шест погодоци.

Индира Кастратовиќ и Јан Питлик се обидоа со повеќе варијанти во бековската надворешна линија, во која се ротираа сите ракометарки на македонскиот шампион,а на голот на Вардар покрај Амандин Лејно, во последните дваесет минути застана и младинската репрезентативка на Македонија, Драгана Петковска.