Вардарки не се шегуваат, ја преслушаа и Деспина

Ракометарките на Вардар успеаја да дојдат до победа на дуелот против Деспина и тоа во меч во којбеа во предност од почетокот. Вардарки победија со 31:20 и го задржаа 3. место на табелата пред паузата поради репрезентативните активности.

Вардар тргна со предност од 3:0 и овие три гола постојано ги зголемуваше. Деспина успеа да намали до два гола, но немаше сили за повеќе од ова, па домашните постојано јазголемуваа предноста.

До крајот напрвиот дел водството на вардарки се искачи до плус седум, а потоа во вториот дел беа додадени уште неколку гола на позитивата која на крајот изнесуваше 11гола.

Со новите бодови тимот на Вардар остана близу до Металург и Куманово во трката за титулата, а засега го има обезбедено барем 3. место.

ВАРДАР – ДЕСПИНА     31:20 (13:6)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ВАРДАР: Илиќ, Трајковска, Грујовска, Ѓеоргиевска 1, Божиновска 2, Џатевска, Ангеловска 2, Трпевска 7, Гроздановска 3, Костовиќ, Диневска 2, Миновска 2, Седлоска 4, Петковска 2, Дамјановска 1, Николиќ 5.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Богеска, Боризоска 1, Гулеска, Елена Рипилоска 2, Ева Рипилоска, Ристеска, Камческа, Крстевска 5, Цветкоска 4, Димитрова 1, Спиркоска, Димоска, Седлоска, Л. Рипилоска 7.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 2 мин.