Вардарки најавуваат спектакуларен турнир на крајот на август!

Исто како и своите машки колеги, екипата на ЖРК Вардар на крајот на авгсут ќе биде домаќин на меѓународен турнир на кој свое учество ќе земат пет силни европски екипи.

Вардарки ќе бидат домаќини на Будуќност (Црна Гора), Подравка (Хрватска), Ростов (Русија), Савехов (Шведска), и Лајпциг (Германија).

Екипите ќе бидат поделени во две групи, во кои сите екипи од една група ќе одиграат меѓусебни натпревари, по кои првопласираните ќе се борат за првата позиција, второпласираните во борбата за третото место, а третопласираните во своите групи ќе го одиграат натпреварот за петтата позиција на турнирот.

И овој турнир кој ќе биде насловен “Вардар турнир” ќе се одржи во спортскиот центар “Јане Сандански” од 29 август до 1 септември.