Вардарки конечно гостуваат надвор од Скопје: ЖРК Пелистер следниот противник на македонскиот шампион

Речиси поминаа две сезони откако ЖРК Вардар го имаше последното гостување надвор од Скопје во македонската лига. Во овие две сезони поради настапите во Лига на шампионите, ЖРК Вардар гостуваше само во “Автокоманда”, а противниците кои доаѓаа од другите градови беа домаќини во СРЦ Кале. Овој пат ЖРК Пелистер на свој терен силите ќе ги одмери со составот на Индира Кастратовиќ од осмото коло во македонската Супер лига. На овој натпревар ЖРК Вардар ќе настапи со резервниот тим плус неколку ракометарки од младинскиот погон.

Натпреварот ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар се игра на 13.12.2014 ( Сабота) со почеток од 18:00 часот во спортската сала “Младост”. Влезот за сите љубители е слободен.