Вардарки им се реваншираа на Французинките: Убеделиво совладана екипата на Флери

На две недели пред финалниот турнир во Будимпешта, вардарки влегуваат во финалната фаза на подготовките. Вечерва со почеток од 19:30h во вториот спаринг натпревар против француската екипа Флери, македонскиот шампион стигна до убедлива победа од 34-23 (19-11)

Вардар-Флери 34-23 (19-11)

Уште на почетокот на натпреварот Вардар успеа да направи разлика од неколку погодоци за во 8тата минута резултатот да биде 6-3 во полза на македонскиот шампион. Французинките возвратија со серија од неколку погодоци и набрзо го изедначија резултатот на 6-6. По само 10 одиграни минути, вардарки повторно поведоа и минималната предност стекната во првата половина на полувремето успешно ја зачуваа за во финалните минути дополнително да ја зголемат за конечни 19-11 во првиот дел.
Maja Sokac

Нашиот шампион успешно го стартуваше и вториот дел и мудро ја одржуваше високата резултатска предност која со погодокот на Радичевиќ во 42 минута изнесуваше високи 11 погодоци предност на страната на Вардар.
Високата предност дозволи и неколку атракции на Вардарки па така Лазовиќ успеаа да стигне до еден атрактивен погодок од целепин на 12 минути до крајот на натпреварот. Ништо не се промени и во финалните минути за конечна победа од 34-23 за македонскиот шампион.
FLP_6989

Најпрезицна во составот на гостинската екипа беше Агате со 6 погодоци, додека во таборот на македонскиот шампион Радичевиќ успеа да се запише исто така 6 пати во листата на стрелците.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ