Вардарки за Подравка ќе се загреваат со вториот тим

Пред дуелот со Подравка во Копривница во третото коло од Лига на шампионите во женска конкуренција, избраничките на Индира Кастратовиќ ќе одиграат првенствен натпревар против вториот тим на ЖРК Вардар предводен од Симе Симовски во рамките на четвртото коло од македонската Супер лига. Ракометарките на ЖРК Вардар треба само рутински да ја обработат својата задача пред дуелот со Подравка. Шанса на овој натпревар ќе добие втората постава на Вардар и младите надежи Митова, Стојановска и Петковска. Натпреварот против големите звезди од Вардар за младите ракометарки од вториот тим ќе биде вистински предизвик и воигрување за дуелите против Дунајварош во ЕХФ купот.Натпреварот се игра на 29.10.2014 со почеток од 15:00 часот во Јане Сандански. Влезот за сите љубители е слободен.