Вардарки заминаа за Словенија: Победа-единствена опција за „црвено-црните“

Македонскиот шампион ЖРК Вардар, во петок го игра последниот гостински натпревар од главната фаза на Лигата на шампионките. Словенечкиот шампион од неодамна остана без најквалитетната ракометарка Алисон Пино, која го напушти клубот, а шансите за пласман во понатамошното натпреварување на екипата на Крим се непостоечки.
Од друга страна Вардарки немаат право на грешка и потребни се бодови за сами да ја одлучат судбината во ова елитно натпреварување. На заминување за Словенија, тренерот на екипата, Индира Кастратовиќ за 24ракомет ја пренесе позитивната атмосфера во клубот:

Денес патуваме за Љубљана, не нè интересира со кој состав ќе настапи Крим бидејќи ќе мора да ги збиеме нашите редови зошто овој натпревар во Словенија е многу важен за нас. Се надеваме дека се ќе биде онака како што се договаравме оваа недела и како што се подготвуваме против Крим. Мислам дека ќе се вратиме со позитивен резултат.
Што се однесува до Леќиќ, имаше вирус, тоа помина и од понеделникот таа тренира нормално.

Натпреварот се игра утре (петок 6.3.2015) со почеток во 19:00.