Вардарки го прегазија младиот состав на Хипо

По почетниот пораз на домашен терен во Лигата на Шампионите од составот на Ѓер, екипата на Вардар го поправи впечатокот и на гостувањето во Виена беа убедливи против младиот состав на Хипо 38-25 (22-9)

Хипо – Вардар 25-38 (9-22)

Состав на Ференц Ковач го отвори вечерашниот натпревар со погодокот на Горичанец по што следуваше брз погодок на Алтахус. Младите ракометарки на Хипо немаа решение во минутите кои следуваа па за вториот погодок чекаа до 11тата минута за разлика од Вардар кој успеа да постигне 9 погодоци а во листата на стрелци се запиша дури и Лејно која успешно ја спроведе топката до противничкиот гол.
До крајот на првиот дел речиси сите ракометарки на Вардар го запишаа своето име на листата на стрелци и заминаа на пауза со позитива од 13 погодоци.

Maja Sokac

Вториот дел повторно започна со погодок на домашниот состав благодарение на Мирела Дедиќ но вардарки и понатаму ја имаа контролата на натпреварот во свои раце за по само 40 минути игра со погодокот на Пенезиќ успеаа да стигнат до 30 погодоци.
Огромниот број на технички грешки како и неискуството на големи натпревари го направија своето па така составот на Хипо очекувано го заврши натпреварот со висок пораз од 38-25.

Најефикасна во домашниот состав беше Тотова со 6 голови, додека во составот на Вардар одличен натпревар прикажа младата Ристовска која постигна 4 погодоци. Лекиќ, Сокач и Дамњановиќ исто така 4 пати успешно стрелаа кон противничкиот гол.