Вардарки го декласираа Копенхаген во првиот контролен натпревар

Во првиот тест натпревар одигран вечерва во салата Јане Сандански, Вардарки ги совладаа гостинките од Копенгхаген 31:14 (14:9).

Вардар убедливо го започнаа мечот со погодокот на Дембеле уште во првите неколку минути, а гостинките до погодок дојдоа во 7-мата минута благодарение на Фонс. Само во почетните минути имаше изедначеност на теренот за потоа нашиот тим да доминира во текот на целиот натпревар. Во двете екипи шанса добија помладите играчи, шанса која максимално ја искористија.

Младата Итана Грбиќ неколку пати успешно стрелаше кон противничкиот гол, а одлична во својот деби натпревар за Вардарки беше Робертина Мечевска. Предводен од двоецот Кастратовиќ и данскиот тренер-консултант, Вардар стигна до конечни 31:14 (14:9). Вториот натпревар помеѓу овие две екипи ќе биде од затворен карактер.