Вардарки ги палат моторите на 30 јули

Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ е предвидено на 30 јули да ги започне своите подготовки за сезоната 2014/15. И оваа година една од првите и секако најзачајни проверки за Вардарки ќе биде настапот на турнирот “Хендбол фиеста” кој ќе се одржи кон крајот на август, во организиација на европскиот шампион Ѓер. На овој турнир учествуваат едни од најзначајните имиња во женскиот ракомет, и до овој момент своето учество го имаат потврдено норвешки Ларвик и нашиот шампион.

Подготовките стартуваат на 30 јули во Скопје каде ќе се тренира една недела по што на 6 август се заминува во Австрија. Подготовките во Австрија ќе траат две недели и ќе се овиваат во “Авита ресорт”, по што се заминува во Унгарија на “Хандбол фиеста” од 22 до 24 август.