Вардарки во пеколен ритам, убедливи и против Спартак

Ракометарките на Вардар ја продолжија одличната серија во првенството во Женската лига и дојдоа до нова победа овој пат на гостувањето кај Спартак со 32:21.

Во текот на целата средба вардарки беа во позитива. Имаа одличен резултат уште од стартот и без проблеми ја зголемуваа предноста. До крајот на првиот дел разликата отиде до седум гола и беше обезбедено водство од 15:8 по што беше лесно да се одигра во второто полувреме кога само беше обезбедена и двоцифрена предност.

Спартак немаше сили да го следи темпото на Вардар, па рано ја загуби оваа средба во која сосема очекувано „црвено-црните“ се изборија за 7. победа сезонава со која останува при врвот на табелата.

СПАРТАК – ВАРДАР       21:32 (8:15)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

СПАРТАК: Самарџиска, Јовановска, Андонова 1, Николовска 5, Делевска 1, Ангеловска 1, Младеновска, Стефановска 5, Величковска 2, Трајковска, Србиновска, Иванова 2, Арсовска 1, Цветановска 3, Домазетовска.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.

ВАРДАР: Илиќ, Грујовска, Ѓеоргиевска, Божиновска 4, Џатевска 2, Ангеловска, Трпевска 4, Гроздановска 4, Костовиќ 1, Диневска, Седлоска 2, Коларовска 4, Петровска 4, Стаменкова 2, Дамјановска 2, Николиќ 4.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: 6 мин.