Вардарки во ЛШ ќе играат во термини од 17 и од 19 часот

Европскиот вицепрвак Вардар новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите ќе ја почне на 6 октомври со домашен меч против ФТЦ Будимпешта. Во договор со клубовите и ТВ куќите партнери на ЕХФ одредени се и саатниците на одигрување на натпреварите. Овој прв натпревар од групната фаза во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за 19 часот.

Oд петте мечеви за кои досега е утврдена саатницата, Вардарки двапати ќе играат во термин од 17 и двапати од 19 часот. Еднаш, на гостувањето кај Ларвик ќе играат во 15 часот.

Вардар е во група со ФТЦ Будимпешта, Ларвик и плус уште едне клуб што ќе дојде од квалификациите. Првите три клуба од групата потоа продолжуваат да разигруваат во главната фаза и да се борат за пласман во четврт-финалето.

Распоред на натпревари
1. коло, 6 октомври 2017
Вардар – ФТЦ Будимпешта (19 часот)

2. коло, 13/15 октомври
Квалификант – Вардар

3. коло, 21 октомври
Ларвик – Вардар (17 ч.)

4. коло, 4 ноември
Вардар – Ларвик (17 ч.)

5. коло, 11 ноември
ФТЦ Будимпешта – Вардар (15 ч.)

6. коло, 17 ноември
Вардар – Квалификант (19 ч.)