Вардарки веруваат во младите: Јована Мицевска со 17 години е дел од европскиот вицепрвак

Во новата сезона европскиот ракометен вицепрвак Вардар ќе им даде шанса на повеќе домашни ракометарки, а дел од нив е и кадетската репрезентативка Јована Мицевска. Таа е веќе на тренинзите на Вардар, заедно со Амандин Лејно и Ина Суслина.

Јована Мицевска е најмладиот член на Вардар, и на 26 јули година наполни 17 години. Во екипата на Вардар сезонава се уште и Теа Керамичиева, Јована Саздовска, Мирјета Бајрамовска и Сара Ристовска.

Вардар се подготвува за турнирот „Вардар 2017“, а Јована Мицевска се надева дека ќе добие шанса за играње. Досега беше дел од вториот тим предводен од Симе Симовски и лани играше и во Купот Челинџ.

Слична пракса воведе и Раул Гонзалез, кој во Германија го поведе голманот Марко Кизиќ како трет голман, па дури и бранеше на дуелот со Рајн Некар.

Фото: zrkvardar.mk