Вараждин најавува спектакуларен Сеха ф4 турнир

Организацијата на СЕХА лигата ги објави терините и сатниците на натпреварите од престојниот Фајнл-фор турнир кој чиј домаќин од 1 до 3 април 2016 ќе биде хрватскиот град Вараждин.
Честа да го отворат првиот полуфинален дуел кој е на програмата во петок (1.април, 18:00 часот) ќе ја имаат екипите на Веспрем и Мешков Брест, а истиот ден од 20 часот и 30 минути во второто полуфинале силите ќе ги одмерат ППД Загреб и македонскиот шампион Вардар.
Сабота е слободен ден, а СЕХА ф4 возбудувањата продолжуваат во недела каде најпрво од 16 часот и 30 минути е закажан натпреварот за брознениот медал, а од 19:00 часот е предвидено да стартува големото финале.

Организаторот најавува многу забавни содржини за сите ракометни фанови кои ќе бидат присутни во Вараждин, па може да се очекува спектакуларен ракометен викенд.