Ванчо Трендафилов замина од клупата на Макс Струмица

Aсистентoт на главниот тренер на ракометниот клуб Струмица, Ванчо Трендафилов замина од клубот и повеќе нема да ја извршува таа функција. Трендафилов е еден еден од основачите на струмичкиот ракометен клуб, а во ракометот е повеќе од 30 години. Во изминатите неколку сезони заедно со главниот тренер на клубот Марјан Андонов ги доведоа струмичките „рисови“ до вицешампионската титула во Македонија и групната фаза на ЕХФ Купот.
Причините за заминување на помошниот тренер се уште не се познати, а за локалните медиуми Трендафилов најави дека дополнително ќе ги соопшти деталите околу својата одлука.

„Ја известувам македонската и струмичката спортска јавност дека од лични и морални причини давам оставка од функцијата помошен тренер на РК Макс Струмица. Причината за таквата моја одлука ќе ја образложам дополнително.“

– изјави Ванчо Трендафилов за порталот www.strumicacity.com.

Макс Струмица вечерва ќе го одигра својот петти натпревар во СЕХА лигата, а на првото гостување ќе игра против екипата на Веселин Вујовиќ, ППД Загреб, во досегашниот тек на натпреварувањето забележа три порази и еден нерешен резултат.