Важна победа, Татран го заслужи нашиот респект

Македонскиот шампион Вардар стигна до два значајни бодови на синоќешното гостување во Словачка. Шампионот на оваа земја, Татран како и многупати претходно се покажа како тврд орев за вардарци, па избраниците на Гонзалес мораа да се борат за победата до самиот крај. Репрезентативното крило, Дејан Манасков не го крие задоволството од победата и чекорот понапред кој нов Фајнл-фор во Сеха лигата.

ДЕЈАН МАНАСКОВ (ЛЕВО КРИЛО, ВАРДАР)

Татран играше навистина добро. Беше тежок натпревар. Можеби не почнавме како што посакувавме. Во првото полувремe не покажавме најдобро што можеме. Во второто тренерот ја смени одбраната и беше многу подобро. Бевме посреќни на крајот и победивме, а Татран го заслужи нашиот респект.