Бјасен продолжува без Ностволд, проблеми за Норвешка

Женската репрезентација на Норвешка ќе се соочи со големи проблеми на ЕП-2014 во Хрватска и Унгарија. По повредите на Мари Молид и Марит Фрафјорд како и бременоста на голманката на Ѓер, Катрине Лунде Харалсен од норвешкиот клуб Бјасен соопштија дека во наредните натпревари нема да можат да сметаат на  десниот бек, Тоње Ностволд поради бременост. Сите наведени ракометарки се едни од клучните во норвешката репрезентација како и во своите клубови во кои настапуваат.

Бјасен е во лоша позиција во норвешкото првенство . По девет одиграни натпревари моментално е на петтото место .

 

Фото: NIDAROSFOTO.NO