Бутел стартува со подготовки за новата сезона

Ракометарите на Бутел Скопје денеска ќе ги започнат подготовките за новата сезона во која ќе бидат активни на домашна и на меѓународна сцена.

Прозивката на новиот тренер Кристијан Грчевски и првиот тренинг ќе се одржат во салата „Антон Димитров“ во Бутел од 19:00 часот, а веќе в понеделник екипата патува на висински подготовки во Пехчево.

Враќањето во Скопје е планирано на 4 август, а во главниот град ќе се работи се до 13 август. Потоа следува настапот на Струшкиот турнир до 17 август, по што екипата повторно ќе се врати во Скопје и ќе продолжи со тренинзи до стартот на Супер лигата.

Бутел Скопје како дебитант во Суперлигата имаше историска сезона во која се избори за пласман во ЕХФ Купот.