Бутел Скопје уште отсега ги покажа суперлигашките амбиции, совладан и Ѓорче Петров

По двата триумфи над суперлигашите Вардар Јуниор и Радовиш, ракометарите на амбициозниот прволигаш Бутел Скопје, ја запишаа и третата победа во рамките на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.

Момците на Игор Котевски, во чиј состав најзвучно име е Горан Печенковски, а има и ред други суперлигашки играчи, славеа на гостински терен кај екипата на Ѓорче Петров со убедливи 17:35 и нема сомнеж дека ќе бидат главни фаворити за пласман во најквалитетната конкуренција.