Бутел Скопје убедлив против Пролетер за петто место на Струшкиот турнир

Македонскиот претставник во Купот на ЕХФ, Бутел Скопје, со убедлива победа над српскиот Пролетер Зрењанин со 34-29 го освои петтото место на 47-то издание на Струшкиот турнир.

На почетокот се играше гол за гол, но и покрај тоа што кај Бутел отсуствуваше левиот бек Јовица Младеновски, младите ракометари не дозволија Пролетер да наметне свое темпо. Во финишот на полувремето момците на Кристијан Грчевски направија водство од шест голови, 22-16.

Во вториот дел македонскиот тим лесно ја одржа контролата на теренот и на крајот забележаа убедлива победа со 34-29. За трето место на Струшкиот турнир ќе играат домаќинот и шведскиот Гуиф, додека за трофејот ќе се борат Еурофарм Работник и АЕК Атина.