Бутел Скопје го продолжи договорот со искусниот Златко Мојсоски

Златко Мојсоски ќе остане во тимот на Бутел Скопје и во следната сезона. Искусниот ракометар, кој има настапувано за Струга, Пелистер, Вардар, Металург, Прилеп и Работнички, ќе биде дел од тимот што ќе игра на домашна и на меѓународна сцена во ЕХФ Купот

„Чест ми е што сум дел од оваа успешна приказна, екипа која од година во година расте се повеќе. Бутел Скопје е екипа составена пред се од добри момци. Имаме одлична хемија и другарство кое беше пресудно за ланската успешна сезона. Се надевам дека со моето искуство и професионализам ќе допринесам да се продолжат добрите резултати на екипата како на домашна сцне, така и во ЕХФ Купот. Голема благодарност до управата со која имаме одлична соработка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина. Благодарност и до нашите верни навивачи без кои немаше да направиме историски успех за нашиот клуб минатата сезона“, истакна Мојсоски.

Досега Бутел ги ангажираше Шокоски, Димов и Даскалоски, а ги продолжи договорите со Младеновски, Печенковски, Мајиќ и Блажески.