Бутел не виде мака со Делчево

Ракометарите на Бутел Скопје ја продолжуваат серијата без пораз во Првата Лига. Избраниците на Игор Котевски без преголем напор ја совладаа екипата на Делчево Вардар со убедливи 30:15, во натпревар од 7 коло.

Беше неизвесно, ако може така да се каже до 5:5 во 10 минута, потоа серија од 6 голови на домашните за 11:5, а до крајот на полувремето беше обезбедена предност и 13:7. Во второто полувреме шанса да играат добија сите ракометари на теренот.

И покрај тоа многу не се промени ситуацијата на теренот. Лесни голови од контра и полуконтра па предноста растеше, и беше зголемена на плус 15, 28:13, а до крајот уште по 2 гола на двете страни за конечни 30:15. Одлични во домашниот тим беа голманите Виларов и Блажески.

Се истакна Георгиевски со 6 голови, а по 3 дадоа Печенковски, Николовски, Дамчевски, Чапов, Николовски и Колоски. Во составот на Делчево Вардар по 4 голови постигнаа Милчевски, Георгиевски и Георгиев.