Бурна седница на Руската Ракометна Федерација: Торгованов нов селектор на машката селекција!

На седницата одржана на 16.02.2015, Руската Ракометна Федерација имаше тешка задача да ги оправда разочарувачките пласмани на најдобрите селекции во машка и женска конкуренција на големите натпреварувања.
Трефилов сеуште останува селектор на женската репрезентација на Русија. Покрај незадоволството од одговорите на селекторот за причините за дебаклот на солидната женска репрезентација на Европското првенство 2014, сепак по двочасовна расправа по таа точка Евгениј Трефилов за само еден глас(четири „за“, пет гласа „против“) ја задржа селекторската фотеља. Тој ќе ги води руските репрезентативки на квалификационите натпревари за Светското Првенство во Данска 2015.
Машката селекција уште по завршување на Светското Првенство во Катар остана без селекторскиот двоец Кулешов и Риманов. Единствените кандидати за селекторската функција беа Димитри Торгованов и Лев Воронин. Во интерес на ракометот во земјата, двајцата тренери прифатија да ја водат Русија во тандем, но копјата се вкрстија за тоа кој ќе биде главен тренер, а кој помошник. Жестоката дебата финишираше со неизвесен крај откако гласовите на членовите на бордот на машката ракометна селекција предводен од Владимир Максимов, беа поделени. Конечната одлука според статутот на Федерацијата ја донесе претседателот на бордот. Максимов за главен тренер на машката ракометна репрезентација го одбра Димитриј Торгованов, а за помошник Лев Воронин. Конечната одлука треба да ја потврди Министерството за спорт во наредната недела.
Лошите резултати на репрезентативниот ракомет на Русија беа една од причините за оставка на првиот човек на Федерацијата, Владимир Нелибин, а за нов претседател ќе се одлучува на конфернцијата која е закажана на средина на март.