Бундес лига, 8. коло: Магдебург се забетонира на врвот

Фаворитите си обезбедија нови победи во 8. коло од Бундес лигата, а врвот на табелата остана ист. Сепак, промени може да има бидејќи колото се комплетира в недела.

Екипата на Магдебург им се врати на победничките патеки откако пред пет дена го доживеа првиот пораз сезонава. Магдебург успеа да го совлада Хановер (34:21) и со оваа победа се задржа на врвот на табелата. Најдобар стрелец во победничкиот табор беше Матијас Муше кој погоди деветпати.

Фуксе Берлин својата серија од три победи по ред вечерва ја зголеми на четири. Жртва беше новиот бундеслигаш, Битигхајм кој на свој терен беше поразен со убедливи 28:36. Вредно е да се напомене и дека берлинци играа без германскиот репрезентативец Паул Друкс кој е повреден. Неговото одсуство го надополни Бјарки Мар Елисон кој погоди седумпати и Фредерик Симак кој погоди шестпати.

РЕЗУЛТАТИ:

Битигхајм – Фуксе Берлин 28:36

Магдебург – Хановер 34:23

Рајн Некар Левен – Гумерсбах 30:24

Штутгарт – Лудвигсхафен 26:26

Вецлар – Бергишер 25:27

ТАБЕЛА: 1. Магдебург 16 поени (гол разлика +56), 2. Фленсбург 14 (+35, – еден меч), 3. Рајн Некар Левен 13 (+43, -еден меч), 4. Бергишер 12 (+20), 5. Кил 10 (+42, – еден меч).