Бундес лига, 7.коло: Кил се врати во трката за титулата

Петте натпревари од најсилната лига на Германија донесоа голема неизвесност и борба до самиот крај, а единствено екипите на Кил и Минден успеаја да одиграат мирен натпревар во кој забележаа убедливи победи.

Екипата на Кил лесно се справи со Ерланген  и победи со резултат 27:21. Оваа победа е третта по ред за „зебрите“, кои се искачија на 4. позиција и се приклучија во трката за титулата во Бундес лигата.

За овој перформанс на Кил најзаслужен беше Магнус Ландин кој со своите осум погодоци буквално го торпедираше противниикот. Кај Ерланген најпрецизни беа Нико Бидел, Руне Дамке и Јоханес Селин кои имаа идентична реализација од четири погодоци.

Уште еден тим кој ја почна добро сезоната успеа да забележи нова победа, а Бергишер успеа да го победи Битингхајм со 26:23 и ја продолжи својата битка за пласман во Европа. Победникот од овој натпревар ја имаше иницијативата во текот на сите шеесет минути, но никако не успеваше да се одвои и да си донесе сигурна победа.

БУНДЕС ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО:

Вецлар – Рајн Некар     25:26

Бергишер – Битингхајм     26:23

Гепинген – Лемго     20:24

Кил – Ерланген     27:21

Минден – Штутгарт     38:25

ТАБЕЛА: 1. Магдебург 14 поени (294:204), 2. Фленсбург 14 200:165, -1 меч), 3. Рајн Некар Левен 11 (174:137, – 2 меча), 4. Кил 10 (207:165, – 1 меч), 5. Бергишер 10 (207:189, – 1 меч)…