Бундес лига, 7. коло: Будење на „зебрите“

Четирите средби од 7. коло кои се одиграа денеска донесоа победи за домашните тимови, а во ова коло конечно беше видено будење на „зебрите“ од Кил кои доминираа на средбата против Мелзунген.

Кил ја забележа највисоката победа со 37:20. За Кил ова беше втора победа по ред во лигата и воедно најубедлива за нив досега. Победата ја донесе голманот Никлас Ландин кој собра 15 одбрани, додека Никлас Екберг во нападот доминирае со осум гола.

Најдобриот поединец сезонава во тимот на Мелзунген, Јулиус Кун на денешниот натпревар беше неочекувано лош и успеа да погоди само трипати од девет обиди и на две минути до крајот на натпреварот заработи црвен картон.

Минатогодишниот шампион Флензбург во тесен натпревар против Хановер успеа да слави и да ја продолжи серијата од седум натпревари без пораз. Првото полувреме им припадна на домашните, но во вториот дел подобар беше Хановер кој во последните секунди од натпреварот ја прокоцка шансата за реми и загуби (29:28). Во остварената победа кај актуелниот шампион најдобар стрелец беше Магнус Род кој погоди шестпати, а на другата страна солидната партија на Фабијан Бем беше крунисана со осум погодоци.

Екипата на Лајпциг во ова седмо коло не успеа да го подобри впечатокот од поразот кој го доживеа пред четири дена и повторно загуби овој пат од Гумерзбах. Тешката битка беше главна карактеристика за овој натпревар, а во борбата Лајпциг падна во последната минута од дуелот. Најдобар стрелец на натпреварот беше Франц Земпер од Лајпциг кој нанижа десет голови при стопроцентна реализација, но тоа не беше доволно за поволен резултат бидејќи соиграчите не го следеа на теренот.

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

ФЛЕНЗБУРГ – ХАНОВЕР 29:28

ГУМЕРЗБАХ -ЛАЈПЦИГ 30:28

КИЛ – МЕЛСУНГЕН 37:20

ЛУДВИГСХАФЕН – ЕРЛАНГЕН 23:25

ТАБЕЛА: 1. Магдебург 14 бодови (225:177), 2. Флензбург 14 (200:165), 3. Рајн Некар Левен 9 (148:112, – 2 меча), 4. Кил (180:144, – 1 меч), 5. Бергишер (181:166, – 1 меч)…