Бундес лига: Флензбург со гол во последната секунда го победи Магдебург, лесни победи за Кил и Фуксе

Флензбург со гол од пенал во последната секунда од мечот, славеше во дербито над Магдебург со 26:25. Стрелец на победничкиот гол од пенал беше францускиот интернационалец Кентин Мае. Најдобри во домашниот состав беа Тофт Хансен и Сван со по 6 голови, додека Егерт даде, а кај Магдебург се истакна Муше со 7.

Кил на домашен  терен беше убедлив против Гепинген и победи со 30:21, а одлични кај „зебрите“ беа Билик со 5, односно Нилсон, Цајц и Дувњак со по 4 голови. Фал, Кауфман и Берг кај Гепинген дадоа по 4.

Фуксе Берлин лесно го одработи дуелот со Минден и победи со 36:26, а најмногу се истакна Закрисон со 9 голови, а Свитлица за гостите даде 7. Гумерзбах ја забележа и третата победа во низа откако го победи Кобург со 31:27, Хановер на гости славеше кај Лајпциг со 25:23, додека Лемго минимално го победи незгодниот Ерланген со 28:27.