Бундес лига ли е, Супер лига ли е: Радовиш броеше до 54 во Прилеп!

Прилеп и Радовиш ја одработија својата задача во 10. коло од плеј-аутот во Супер лигата. Во натпревар со постигнати 86 гола победата ја однесе Радовиш со 32:54.

Натпревар во кој победникот беше очигледен уште по првите минути од натпреварот, младите ракометари на Прилеп немаа шанси да се спротивстават на составот до Радовиш.

Гостите беа во водство од првата до последната минута. Отворија со 0:3, па потоа беше 4:10 за а набрзо потоа стекнаа и двоцифрена преднсот 6:16. На полувреме заостанувањето на Прилеп беше 12 гола, 13:25.

Во продолжението натпреварот се одвиваше во еден правец, Радовиш речиси во секоја акција постигнуваше гол што на крајот резултираше со постигнати невообичаени 54 гола.

Во екипата на Прилеп по седум голови постигнаа Трајкоски Владимир и Божидар Илиески. Убедливо најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Радовиш, Ивица Илиев кој постигна 15 гола.