Бундес лигата во својот препознатлив ритам

Полни сали, публика која се забавува, врвна ракометна претстава, неизвесна сезона, ракометни мајстории и оваа сезона е главна одлика на едно од најсилните првенства во Европа – германската Бундес лига.

Лајпциг-Магдебург 26-25(12-11)
Многу интересен и неизвесен натпревар одиграа домаќинот и нов Бундеслигаш Лајпциг и силниот гостин Магдебург.
Публиката имаше можност да види, брз и динамичен ракомет со убави ракометни решенија во нападот, но сепак се чини дека цврстата одбрана беше клучниот фактор на обете страни. Неизвесното прво полувреме донесе минимално водство за новиот прволигаш, кое го задржа и после 60 минути. Магдебург во минатата сезона се најде меѓу четирите најдобри екипи според пласманот низ сезоната, овојпат потклекна пред мотовираните домаќини, има половичен успех и е во серија од два последователни порази.

РНЛ-Гепинген 25-14(14-8)
Лавовите од Манхајм, продолжија во ист стил од минатата сезона, речиси непобедливи на домашен терен и сигурни на гостувањата. Самиот резултат говори за одлична одбрана со мал број примени голови.
Брзи контри и полуконтри, убави потези во напад, но сепак мора да се истакне брзата транзиција во играта која генерално носеше и навидум лесни голови, за тимот кој го чека долга сезона на повеќе фронтови.

Балинген-Либек 32-25(14-11)
Уште една победа на домашните екипи ова коло. Балинген, кој имаше променливи игри во минатото првенство, ја забележа првата победа оваа сезона. Гостинскиот состав на Либек игра очајно на стартот и има 4 порази во низа, без освоен бод, со анемична и спора игра во нападот, конфузна одбрана со просек од 30 примени голови на секој натпревар.

Бергишер-Ајзенах 30-22(13-10)
Оваа сезона Бергишер забележаа само една победа, токму против Ајзенах, во натпреварот во кој одиграа добра цврста и подвижна одбрана, на која се надоврза расположениот напад.
Уште на полувремето Бергишер покажа дека нема намера да ги препушти бодовите на гостинот, додека пак гостите имаат пет одиграни натпревари со просек од 32 примени голови по натпревар.

Кил-Лемго 32-23(18-11)
Кил заврши како победник во овој дуел, но покажа слабости во играта каде видно се чуствуваше отстуството на Јиха и Палмарсон. Ракометарите на домашниот состав покажаа дека се расположени, успеаа со разновидна игра: брз проток на топка како и удари од далечина, да ја разбијат противничката одбрана за задоволство на трибините. Лемго има само една победа и уште една мачна сезона со многу исчекување до последното коло.

Мелсунген- Битенфелд 30-26 (16-12)
И покрај дефицитарноста на играчи во составот на Мелсунген,  ракометарите на оваа екипа го надополнија овој недостаток со многу трчање и благодарание на упорноста и солидната одбрана успеаа да триумфираат над Битенфелд.

Вецлар- Хановер 31-28 (16-22)
Тимот на Миркуловски, игра променливо на стартот на оваа сезона и има биланс од 2 победи во 4 одиграни дуели. Составот на Хановер, пак има за што да жали на овој натпревар, бидејќи покажаа свој квалитет во нападот, но играта во одбрана беше причина да завршат на средината од табелата со скор 2-2 (победи-порази) и просек од 28 примени голови по натпревар.

Хамбург- Фленсбург 21-22 (11-9)
Единствено Хамбург, поранешниот Европски шампион не успеа пред своите навивачи да слави бидејќи пред себе го имаше за противник силниот состав на Фленсбург.
Натпреварот го одбележа цврстата одбрана и квалитетните голмани на обете екипи сепак искуството на ракометарите на Фленсбург, под палката на искусниот Вранеш, покажа дека неговиот состав може да победува и вон Фленс Арената.