Бундеслигашкото дерби во Купот на ЕХФ го доби Фуксе Берлин

Екипата на Фуксе Берлин е веќе со една нога во полуфиналето од Купот на ЕХФ. На гости тие го совладаа добро познатиот за нив, Хановер со 34:26. Реваншот е на програмата за седум дена, a подобриот од овој двобој ќе добие место на Ф4.

За Фуксе Берлин ова натпреварување е многу значајно, па така променливиот Хановер не преставуваше поголем проблем. Едноставно гостите тргнаа посилно и отворија со водство од 5:1. Тогаш и домаќините заиграа подобро, па полека се враќаа во игра и при крајот на првиот дел стигнаа до изедначување: По првите 30 минути Хановер имаше негатива од еден гол (15:14).

Второто полувреме беше клучно за триумфот на гостите. Во него Фуксе Берлин тргна незапирливо и за краток период дојде до пет гола позитива која полека растеше. На крајот ракометарите на Хановер со спуштени глави мораа да си заминат од теренот, а само чудо може да ги спаси од елиминација.

Ханс Линдберг беше незапирив погодувајќи седум гола за „лисиците“ од Берлин. Силвио Хајнефетер имаше одчична партија и собра 12 интервенции. На другата страна Мортен Олсен погоди 11 пати.