Бундеслигата понуди нови ракометни мајстории

Во ова продолжено ракометно коло, одиграни беа 8 натпревари и тоа на распоред беа натпреварите од 27. коло во најдобрата-БУНДЕС ракометна лига.

Минден-Хановер 31-22(16-12)

Ефикасниот и креативен напад на домаќините кои водат грчевита борба за опстанок во лигата, го трасира патот до победата пред своте навивачи во Креиспорт Хале арената. Додека пак тимот на Миркуловски е во негативна серија од 3 порази, едно реми и само една победа на последните пет одиграни кола.

РН Ловен-Гумерсбах 29-24(17-11)

Во САП арената во Манхајм, после испаѓањето од ЛШ, РНЛ сите сили ги насочи кон домашните предизвици. Овој натпревар донесе брзи контри и прецизни полуконтри а посебна вечер имаше левото крило Генсхајмер со 12 голови, Грецки додаде 5 а Ду Риц 4 голови во мрежата на Гумерсбах. Гостинот е безбеден на средината од табелата, но во последните 5 одиграни кола освои само 4 бодови.Кун и Грухала постигнаа по 7 голови кај гостинот, а Сантош беше стрелец на 2 гола.

Фризенхајм-Мелсунген 29-35(14-18)

Доминација на гостинските ракометари, со бравурозни потези во нападот кој беше на висина на задачата. Фридрих Еберт Хале арената беше исполнета со домашни навивачи кои го проследија новиот пораз на своите миленици. Фризенхајм игра променливо и е во опасната зона, додека Мелсунген е на 6. позиција и е во серија од 4 победи во низа. Најефикасни беа: Когут со 7, а Грим и Јуст постигнаа по 6 голови, додека кај победничкиот тим се истакнаа Селин, Алингдорф и Михаил Милер-сите по 7 погодоци.

Бергишер-Фленсбург 36-31(14-13)

Исклучително расположените домашните ракометари во својата Уни Хале арена го торпедираа големиот противник со 36-31. И на овој натпревар се потврди лошата форма која доаѓа во лош период од сезоната за актуелниот Европски шампион. Добрата одбрана, борбеноста и прецизниот напад го трасираа патот до успехот за тимот кој се бори да одстои на пристојна дистанца од местата кои водат лига подолу. Најефикасни беа Хосе со 9 и Гунарсон со 7 голови, додека кај гостите Ласе Сван и Елахмар постигнаа по 6 погодоци.

Гепинген-Лемго 28-27 (14-13)

Гепинген игра квалитетно цела сезона(5то место моментално), но во овој дуел наиде на тврд орев. Мотивираните гости не се предаваа, домашните ракометари играа нервозно на почетокот, но сепак бодовите останаа во Гепинген и ЕВС арената. Зелено-белите предводени од тренерот Велимир Петковиќ одиграа зрело во одбраната и во нападот во моментите кога се кршеше резултатот(26-26 на 4 минути до крајот). Пред 4800 гледачи, Краус со 7 и Шилер со 8(5 пенали) беа најефикасни ракометари во домашниот тим, додека Лемго го имаше Херман со 6 голови, но недоволно за позитивен резултат. Со овој пораз Лемго е во серија од 4 порази во петте последни одиграни натпревари.

Ерланген-Кил 22-36(10-22)

Шампионот игра континуирано добро, во одлична форма е, па одтаму и не зачудуваат никого овие високи победи, овојпат против Ерланген во неговата Нирнбергер Версихерунг арена. Кил уште на полувремето одигра квалитетно и го реши победникот постигнувајки 22, а примајки само 10 голови. До крајот на натпреварот Кил рутински го одржа високото водство за нови два бода на патот во одбрана на титулата.

Магдебург-Либек 26-32(12-18)

Уште едно големо непријатно изненадување им приреди Магдебург на своите навивачи. Либек си замина со два бода од ГЕТЕЦ арената. Гостите доминираа на овој натпревар, одличениот напад, прецизните контри но и добрата одбрана, беа главните фактори за победата. После 3 порази во серија, Либек ги освои овие два мошне значајни бодови кои може да бидат златни во борбата за опстанок, додека Магдебург заедно со Фленсбург се борат за 3та позиција на табелата.

Битигхајм-Вецлар28-25(15-13)

Отпишаниот состав на Битигхајм во Еге Транс арената направи огромно изненадување совладувајќи го Вецлар со 28-25. Македонското репрезентативно крило Дејан Манасков постигна 2 голови. Фенерџијата на табелата ги контролираше и играта и резултатот и заслужено дојде до победата на овој натпревар. Тренерот Мартин Албертсен може да биде задоволен од прикажаната игра во нападот, а особено во дефанзивата.

photo: mittelhessen.de