Булатовиќ наредната сезона продолжува во ЕРД

Репрезентативката на Црна Гора и ракометарка на Ростов Дон , Анѓела Булатовиќ во наредната сезона ќе настапува за унгарскиот суперлигаш, ЕРД. Булатовиќ со унгарската екипа потпиша договор на една сезона. Од ЕРД соопштија дека наредната сезона клубот ќе го напуштат Сара Вукчевиќ, Викторија Огунтое и Ана Ковач.

Анѓела Булатовиќ најголемиот дел од својата кариера ја помина во ЖРК Будуќност со кого ја освои и Лигата на шампионките. Во сезона 2013/14 беше дел од словенечкиот шампион, Крим Меркатор. Оваа сезона со екипата на Ростов Дон имаат големи шанси да обезбедат финале во рамките на ЕХФ купот.