Булатовиќ во Ростов Дон

Репрезентативката на Црна Гора и досегашна ракометарка на РК Крим Меркатор, Анѓела Булатовиќ во следната сезона ќе настапува за Ростов Дон .

Иако последните недели сме сведоци на заминување на странските ракометарки од руските клубови, искусната црногорка која игра среден бек се реши да пристигне во рускиот клуб со цел да му помогне да ги оствари зацртаните цели за следната сезона. Во романските спортски портали Булатовиќ беше најавена како нова ракометарка на ЦСМ Букурешт, но тоа не се случи.

Анѓела Булатовиќ покрај настапите за РК Крим Меркатор, го носеше дресот и на ЖРК Будуќност од 2004 до 2012 година. За селекцијата на Црна Гора има одиграно 95 натпревари и постигнато 149 погодици во мрежата на противниците. Со Црна Гора го освои сребрениот медал на ОИ во Лондон ( 2012), и златниот медал од ЕП во Србија истата година.