Букурешт трофеј 2014: Победа на Ростов Дон, пораз за Муратпаша

Во вториот натпреварувачки ден од ракометниот турнир „Букурешт трофеј 2014“ екипата на Ростов Дон ја забележа првата победа на турнирот. Русинките го одиграа натпреварот одлично, за разлика од натпреварот против ЖРК Будуќност. Предводени од Манагарова и Борсенко, Ростов Дон триумфираше против Битингхајм од Германија, со резултат 28:23 (15-10).

Во втората група, втората руска екипа Астраханочка немаше никакви проблеми против Муратпаша. Натпреварот заврши со високи 31:20 за Астраханочка. Во дресот на Муратпаша, Зорица Десподовска беше стрелец на 2 голови, а Душица Ѓоргиевска додаде еден. На полувреме руската екипа имаше предност од три разлика (15-12).

Распоред на денешните натпревари:

Група А

Будуќност – Битингхајм

Група Б

ЦСМ Букурешт – Астраханочка