Будуќност убедливо против Левалеа

Противникот на ЖРК Вардар во полуфиналето од Лигата на шампионките, ЖРК Будуќност многу лесно ја совлада амбициозната екипа на Левалеа со високи 47:16 (24:6) во првото коло од плеј-офот за шампионската титула. Најефикасна на натпреварот беше Мајда Мехмедовиќ која постигна 16 погодоци, поголем дел од нив беа од контра напади, репрезентативката на Полска, Кинга Биздра беше втор стрелец во Будуќност со осум погодоци. Во составот на Левалеа се истакна Душица Казиќ со пет погодоци.

Веќе е познато дека ЖРК Будуќност повторно ќе биде шампион на Црна Гора. Екипите на ЖРК Даниловград и Левалеа ќе водат жестока борба за второто место во црногорското првенство.

Фото:handballme.me