Будуќност со бронза од турнирот „Вардар“

Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, екипата на Будуќност со еден пораз и две победи го освои третото место на турнирот „Вардар“ кој од 29 август до 1 септември се одржува во Скопје. На финалниот ден во борба за бронзениот медал, Црногорките беа поуспешни од Лајпциг со 30-23.
Единствено првите 13 минути поминаа во неизвесна игра, а двете екипи постигнаа по пет погодоци. Будуќност со серија од 6-1 ја најави победата на овој дуел, а во последната минута од првиот дел црногорските шампионки имаа највисока предност од седум голови, 16-9.
TURNIR VAR Buducnost-Leipzig-7212
Во второто полувреме Будуќност ја продолжи својата доминација, иако Драган Аџиќ направи бројни ротации во составот, ракометарките од Подгорица достигнаа до девет голови разлика преку младото крило Ујкиќ во 40-та минута. До крајот на натпреварот, ракометарките на Будуќност ја задржаа високата предност за конечни 30-23.
Најпрецизни во редовите на црногорскиот шампион беа Цвијиќ, Рајичевиќ, Павичевиќ и Ујкиќ со по пет погодоци, додека Павичевиќ и Неагу постигнаа по четири. Кај Лајпциг, Ланг беше прецизна девет пати.
TURNIR VAR Buducnost-Leipzig-7226
Во натпревар за петто место екипата на Савехоф ја совлада екипата на Подравка со резултат 18-22 (10-11) и го освои петтото место на турнирот „Вардар“.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ