Будуќност, па сите останати… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Натпреварот меѓу Вардар и Динамо беше увертира за финалниот дуел на неприкосновените екипи, Ларвик и Будуќност. Ниту еден од финалистите немаше пораз во регуларниот тек на Лигата на шампионите, токму тоа ветуваше неизвесен и интересен натпревар.
Но со френетична мотивираност и стабилна, агресивна и борбена одбрана, Будуќност покажа дека високиот пораз на Вардар во полуфиналниот дуел не бил случаен. Ларвик не беше на висина на финалето, а моќниот состав од Црна Гора рутински го претвори својот мотив во победа за втора титула во Лигата на шампионите…
[Best_Wordpress_Gallery id=”100″ gal_title=”Larvik-Buducnost FINALE Final4 (BUDIMPESTA)”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ