Будуќност и без половина тим го победи Мец

Ракометарките на Будуќност имаа победнички старт во Лигата на шампионите и со 21:19 го победија францускиот првак Мец, во меч од првото коло. Иако играа без Кристина Неагу, Сузана Лазовиќ, Билјана Павичевиќ и Драгана Цвијиќ.

Во првиот дел ракометарките на двата тим се менуваа во водството, а ниту еден од нив не поведе со повеќе од два гола разлика. Првото повисоко водство, го има домаќинките на статот на вториот дел, 15:11, а потоа беше и 16:12.

201712020102001_4

Екс вардарката Итана Грбиќ погоди за 20:16 во 51 минута, а до крајот домашните умешно го сочуваа водството, најмногу по заслуга на голманката Паола Де Зогби, за конечни 21:19. Најдобра во домашниот состав беше Булатовиќ со 10 голови, Рамусовиќ даде 4, а голманката Згоби имаше 14 одбрани. Во Мец Грос, Хорачек и Флип дадоа по 3 голови.