Будуќност го освои турнирот во Копривница

Шампионот на Црна Гора, Будуќност го освои меморијалниот турнир ” Јосип Самарџија Бепо” одржан во Копривница.
Иако црногорскиот тим настапи без Клара Волтеринг, на голманската позиција Марина Рајчиќ (поранешна Вукчевиќ) се покажа во блескаво издание, посебно во првиот натпревар против Подравка кога собра дури 20 одбрани. На турнирот освен Подравка и Будуќност учествуваше РК Крим од Словенија и Михаловце од Словачка. Првото место го освои Будуќност, домаќинот Подравка заврши на втората позиција, Михаловце го освои третото место, додека Крим од Словенија заврши на четвртото место.Најдобар стрелец на турнирот беше ракометарката од Крим, Алја Корен со вкупно 23 голови, за најдобра голманка беше прогласена Марина Рајчиќ од ЖРК Будуќност, додека за најдобар играч наградата и припадна на Миринда Татари од РК Подравка. Најпосетен натпревар беше меѓу Подравка и ЖРК Будуќност проследен од 500 љубители на ракометот .

Резултати 

1 коло од турнирот

Михаловце – РК Крим 36 : 34 ( 16 – 19)

Подравка  – ЖРК Будуќност 17:23 ( 9 – 13)

2 коло од турнирот

РК Подравка – Михаловце  32 :23 ( 16 – 14)

ЖРК Будуќност – РК Крим  32 : 24  ( 15 – 13)

3 коло од турнирот

РК Подравка – РК Крим 31: 29 ( 17 – 14)

Михаловце – ЖРК Будуќност 28 : 40 ( 17 – 21)