Будуќност го освои Волгоград

Ракометарките на ЖРК Будуќност со победа ја започнаа главната фаза од Лига на шампионите. Будуќност во Волгоград беше подобар противник од Динамо Синира со 25:18 ( 12:11). Домаќинот одигра одлично прво полувреме но сепак во вториот дел русинките потфрлија во играта. Црногорскиот шампион беше предводен од Мајда Мехмедовиќ и Кристина Неагу кои постигнаа по шест погодоци. Во составоот на Динамо одлична партија прикажа искусната Олга Акјопон со шест погодоци. Со победата против Динамо ракометарките на Будуќност се зацврстија на првата позиција во А групата.

Во Љубљана дербито помеѓу Крим – Турингер заврши со среќен крај за германскиот тим. Турингер триумфираше со 26:23 ( 13:15). Во составот на Крим поранешната репрезентативка на Македонија, Мирјета Бајрамовска постигна еден погодок, а најефикасна беше Алја Корен со осум погодоци. Во екипата на Турингер традиционално листата на стрелци ја предводеше Надја Надгорнаја со седум погодоци.

Резултати, Група А

Лајпциг – ЖРК Вардар 26:23 ( 13:10)

Динамо – ЖРК Будуќност 18:25 ( 11:12)

Крим Меркатор – Турингер 23:26 ( 15:13)

Денес продолжуваат натпреварите од Б групата.