Будимир и Петровски се фатија за работа, утре ќе биде скратен списокот

Предводниците на пионерската селекција на Македонија, Андријана Будимир и Дарко Петровски, денеска го имаа првиот собир со најмладата машка репрезентација.

Иако на списокот се најдоа 25 ракометари, на првиот тренинг беа присутни 24 играчи, а на утрешниот вечерен тренинг ќе биде скратен на 18 кои ќе патуваат на турнирот во Унгарија. Овој турнир ќе се игра во Балатонбоглар, од 11 до 13 април. За малото унгарско гратче се патува во среда во 08:00 часот наутро.

На овој турнир покрај Македонија и домаќинот Унгарија, ќе игра и селекцијата на Србија. Првиот натпревар се игра на 11 април против северниот сосед од 18:00 часот, додека вториот против Унгарија е на 13 април од 11:00 часот.