Брест си најде замена за Дарле во репрезентативка на Словенија

Според најавите на Лекип, раководството на францускиот Брест веќе ја има најдено замената на голманската позиција за Клеопатра Дарле.

Таа очекува принова и поради тоа предвреме ја заврши сезоната, па сега клубот мора да најде замена за останатите натпревари.

Местото на Дарле на голот на Брест ќе со заземе Словенката Амра Панџиќ од екипата на Крим. Таа треба да потпише договор до крајот на сезоната.

Панџиќ е 29-годишна репрезентативка на Словенија, има запишано 25 настапи за националната селекција. Учествуваше на Светското првенство во 2017 година. Таа е долгогодишен член на Крим каде што настапува од 2007 година.